сабота, 25 јули 2026

Македонскиот уметник Синиша Кашавелски изложува во „Сотби“ во Њујорк

Делото „Магна Матер“ на македонскиот уметник Синиша Кашавелски е изложено во престижната аукциска куќа „Сотби“ во Њујорк, како дел од 17./18. Меѓународен салон на АРЦ, организиран од Центарот за обновување на уметноста.

Објавено на

часот

Сподели

„Голема чест ми е што ‘Магна Матер’, наградено дело на 17. Меѓународен салон на АРЦ, денес е изложено во ‘Сотби’ во Њујорк“, напиша Кашавелски, додавајќи дека зад секое изложено дело стојат години работа, посветеност и верба во уметноста.

Изложбата, која беше отворена на 17 јули и ќе трае до 27 јули, претставува речиси 100 наградени дела од 20 земји, избрани од повеќе од 8.500 пријавени дела од речиси 90 држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ