Од Општината информираат дека два од згрижените штркови веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата и да му се приклучат на јатото.

Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, изрази надеж дека во иднина ќе биде изграден згрижувачки центар наменет токму за овој вид заштитени птици, со цел да се овозможи соодветна грижа при вакви ситуации.

Од Општината упатуваат апел до граѓани да помогнат во згрижувањето и прехранувањето на младите штркови кои по невремето останале без своите гнезда, за што побрзо да закрепнат и повторно да полетаат.






