сабота, 25 јули 2026

Во полициска акција во Скопје, приведени шест лица, меѓу нив и малолетник

Шест лица, меѓу кои и еден 16-годишен малолетник, биле лишени од слобода во полициска акција спроведена во последното деноноќие на повеќе локации во Скопје, соопшти МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведени се М.К., Г.А., Б.Б., Б.Ц., 16-годишен малолетник, сите од Скопје, како и О.С. од Велес.

При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против приведените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ