Сепак, владата не ја објави големината на наоѓалиштето, наведувајќи дека достапните податоци не се доволни поради ограничениот обем и времетраење на истражувањата.
Јапонскиот брод за дупчење „Чикју“ во февруари ја заврши едномесечната мисија во близина на островот Минамитори, околу 1.900 километри југоисточно од Токио. Тоа е првиот успешен обид во светот за вадење морско дно богато со ретки земни минерали од длабочина од околу шест километри.
Проектот се реализира во време кога Јапонија настојува да ги диверзифицира изворите за снабдување со клучни суровини поради кинеските ограничувања за извоз на ретки земни минерали и магнети изработени од нив, кои се од суштинско значење за одбранбената и автомобилската индустрија.
Извадени се околу 50 тони кал. Анализата покажала присуство на итриум, кој се користи во воздухопловството, енергетиката и производството на полупроводници, гадолиниум, кој се користи при магнетна резонанца и во други високотехнолошки области, како и диспрозиум, кој се користи за производство на магнети за електрични возила, соопшти јапонската влада.
旅の後半は鉱物探訪
福島県の石川町は陸軍による原爆開発、いわゆる二号研究でウラン鉱が採掘されたほど多種の鉱物が産出した 鉱山跡にはペグマタイトの露頭があって長石と石英の層構造に黒雲母や電気石が点在する石や綺麗な白雲母の石があった
(写真2枚目は立ち入り禁止でフェンス外から撮影) pic.twitter.com/GJvfLiPH4B— dydt (@dydt_Nao) March 21, 2026
Јапонија планира во истите води да спроведе едномесечно пробно ископување од февруари 2027 година, при што дневно би се ваделе околу 350 тони кал.
Материјалот ќе биде дехидриран на островот Минамитори, а потоа преработен на главниот јапонски остров, каде што ќе се тестираат технологии за сепарација, рафинирање и топење.
Целта е да се испита изводливоста на производството на ретки земни минерали во Јапонија, со сеопфатна проценка на можностите за индустриско производство до март 2028 година, изјави Казушиге Кикучи од Јапонската агенција за наука и технологија на морето и Земјата, која управува со бродот за дупчење.
Пекинг воведе ограничувања за извоз на одредени ретки земни минерали и магнети поврзани со нив во април 2025 година, а дополнително ги заостри ограничувањата за извоз во Јапонија во јануари и уште двапати во текот на следниот месец.





