петок, 24 јули 2026

Фјури со победа над Вах се загреа за Џошуа (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион, Тајсон Фјури, го победи полскиот боксер Мариуш Вах со технички нокаут во пресрет на големата борба која се очекува пред крајот на годината против Ентони Џошуа.

Објавено на

часот

Сподели

Во борбата која се одржа во Тајланд, Фјури доминираше против полскиот боксер. Мечот беше прекинат во седмата рунда откако од аголот на Вах проценија дека нивниот боксер не може да продолжи.

Најголемо внимание предизвика необичниот момент во петтата рунда, кога Фјури за време на една размена на удари го бакна противникот во уста и ги насмеа присутните.

Борбата имаше и хуманитарен карактер, Фјури најави дека целиот приход ќе биде дониран во фонд за деца без родители во Тајланд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ