петок, 24 јули 2026

Малолетничка побарала помош во полиција, пријавила дека била претепана од мајката и очувот

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен синоќа ги лишиле од слобода А.А. (36) и С.А. (31), двајцата од Прилеп, по пријава за физички напад врз малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули 2026 година, во 23:45 часот, малолетничката дошла во ОВР Ресен и побарала полициска помош, при што пријавила дека била физички нападната од нејзината мајка С.А. и нејзиниот очув А.А.

Како што е наведено во пријавата, по физичкиот напад малолетничката се здобила со повреди. По добиената пријава, полициските службеници презеле мерки и активности и ги лишиле од слобода двајцата осомничени.

Од МВР информираат дека по целосното документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ