Како што информира МВР, на 22 јули, Р.Г.(25) од Скопје пријавила дека околу 20:20 часот, во круг на бензинска пумпа во Кисела Вода, едно лице му се заканувало на нејзиниот сопруг, кој е странски државјанин, а се обидело и физички да го нападне.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.





