четврток, 23 јули 2026

Изложба во Велес – Фрагменти од несвесното

Вечерва во Ликовниот салон во Велес ќе биде реализиран настанот „Фрагменти од несвесното: Синергија на слика и звук“, мултисензорно доживување кое се состои од изложба на ликовни дела и џез импровизации.

Објавено на

часот

Сподели

Главниот акцент на оваа синергија е како што говори и самиот наслов – несвесното, претставено како фрагмент низ ликовните дела на четворицата уметници: Никола Пијанманов, Андреј Митевски, Тони Попов и Стефан Младеновски и двајцата музичари Славчо Коцев и Бојан Петков.

Спојот на фрагментите од несвесното во визуелната уметност со џез импровизацијата во музичката уметност, претставува дијалог помеѓу два уметнички изрази во еден простор во кој се креира нова психолошка реалност-синергија на звук и слика. Џезот како чист музички автоматизам извира директно од несвесното со тоа што боите и формите на визуелното ги претвора во тонови и звуци.

Изложбата е замислена како форма на синестезија во која музичарите ги читаат ликовните дела и преку џез импровизации ги трансферираат сликите во звук, со што посетителот ќе има можност не само визуелно, туку и сетилно, преку звукот и ритамот  да го спознае несвесното, иницирајќи ново искуство каде музиката ги оживува сликите.

Излжбата е во организација на Центарот за креативни индустрии-Небо, а финансиски е помогната од Министерството за култура и туризам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ