среда, 22 јули 2026

Необична сцена во Русија: Маче стана курир на дрога (ВИДЕО)

Службеници на казнената колонија во Нижни Новгород, Русија, фатија мачка која се користела за шверцување дрога во објектот, објави регионалниот оддел на Руската затворска управа (ФСИН).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во Казнената колонија број 17. Мачката била привремено задржана, но подоцна била ослободена.

„Се покажа дека сторителот била мачка опремена со рачно изработена платнена огрлица, во која биле пронајдени непознати супстанции. Едната била со зелена боја, а пакетот содржел и бел прашок. Крзнениот прекршител на законот требало да се протне незабележано и да ги достави супстанциите до затворениците. Сепак, будните полицајци го спречиле обидот за испраќање нелегален пакет“, се вели во соопштението.

На местото на настанот бил повикан специјалист со куче за откривање дрога за да го идентификува хемискиот состав на пакетот.

Последователните тестирања потврдија присуство на дрога, објави ТАСС.

„Мачката беше привремено задржана, а огрлицата со супстанциите беше конфискувана. Мачката беше прегледана и, откако е утврдено дека е добро, беше вратена во природата“, додаде затворската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ