„Ве известуваме дека поради вчерашната елементарна непогода е нанесена штета на Одделот за Ортопедија и ортопедска сала при ЈЗУ Клиничка болница Штип. Ве замолуваме во текот на следните денови до санирање на нанесената штета, пациентите со скршеници да не ги испраќате во Клиничка болница Штип бидејќи нема да можат да бидат адекватно третирани. Во следните денови ве замолуваме пациентите да ги препраќате во другите центри со цел да го добијат соодветниот натамошен третман“, соопштија од Клиничка болница-Штип.
Заменик директорката на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова посочи дека 15 до 20 пациенти од ортопедија се хоспитализирани по други одделенија. Утринава во болницата на терен биле проценители, со цел да утврдат колкава е штета на кровната конструкција, која падна, со цел побрзо да се санира.





