вторник, 21 јули 2026

Маж пријавен дека ја нападнал сопругата и фрлал предмети кон неа

Полициски службеници од СВР Скопје на 20 јули го лишиле од слобода Д.Д. (33) од скопското подрачје, по пријава дека извршил семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 14:05 часот, по што полициски службеници постапиле по пријавата дека 33-годишникот физички ја нападнал својата 19-годишна сопруга и кон неа фрлал разни предмети.

Д.Д. бил приведен и со него бил спроведен разговор во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ