Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ носат програма која ги поврзува современите музички изрази со камерната музичка традиција. Покрај делото „In the Web“ од Беата Содерберг, публиката ќе има можност да слушне и нова композиција од македонската композиторка Дарија Андовска, напишана за виолина и виолончело. Програмата ја заокружува Сонатата за виолина и виолончело од Морис Равел – дело што претставува едно од најзначајните остварувања во камерната музика на XX век.
Концертот создава простор за средба меѓу современиот музички јазик и класичното наследство.





