вторник, 21 јули 2026

Жена пријавила дека нејзините синови ја нападнале неа, партнерот и малолетното дете

Жена од Скопје пријавила во полиција дека нејзините два сина од претходниот брак, заедно со нивните девојки, физички ја нападнале неа, нејзиниот партнер и нејзиното малолетно дете во нивниот дом.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, инцидентот се случил синоќа, кога во домот, каде што престојувала со својот 36-годишен партнер и малолетното дете, дошле нејзините синови и нивните девојки. По физичкиот напад, тие наводно го снимиле настанот со мобилен телефон, а при заминувањето ѝ го одзеле и нејзиниот мобилен телефон.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ