Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Р.Р. од село Слатино, и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Е.Н. од село Порој.
Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на причините за сообраќајката.





