Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „тојота“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.И. од Гостивар, и мотоцикл „кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот С.Џ., исто така од Гостивар.
Во судирот, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во болницата во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Гостивар. Се утврдуваат причините за сообраќајката.





