Четирите девојчиња, кои се родени на 14 јули со царски рез во 28 недели и четири дена од бременоста, се монозиготни четворки, што значи дека една оплодена јајце-клетка се поделила на четири ембриони.
Од болницата соопштија дека мајката и таткото на девојчињата веќе имаат четири деца и биле крајно изненадени кога им било кажано дека очекуваат четворка.
Доктор Алекса Бендал, која од почетокот ја водеше бременоста, процени дека идентични четворки се случуваат еднаш на 15 милиони, но дека досега не е забележано да делат иста плацента.
Докторката рече дека бременоста била многу ризична и дека мајката била хоспитализирана од 25 недела за да се следи нејзината состојба.
„Секогаш велиме дека ако можеме да стигнеме до 28 недела, ќе биде добро“, рече Бендал.





