Ал Хаја е првото лице назначено на позицијата по смртта на Јахја Синвар во октомври 2024 година.
Поранешниот лидер на Хамас во Појасот Газа, кој со години работи во егзил, стана една од клучните фигури во раководството на организацијата во последните месеци по смртта на Јахја Синвар и Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран во јули 2024 година.
Ги координираше односите со арапските и исламските земји
Неговото влијание во Хамас дополнително се зголеми откако во израелските напади загинаа голем број високи функционери на Хамас, вклучувајќи го и Ханија за време на посетата на Иран и Синвар во Појасот Газа.
Ал Хаја ја напушти Газа пред неколку години и ги координираше односите на Хамас со арапските и исламските земји од Катар. Во јули минатата година, тој го придружуваше Ханија за време на посетата на Техеран, кога тој беше убиен.
Ал Хаја претходно изјави дека нападите од 7 октомври биле замислени како ограничена операција со цел заробување на „одреден број војници“ кои потоа ќе бидат разменети за Палестинци во израелските затвори.
„Но, ционистичката воена единица целосно се распадна“, рече тој во изјава објавена од Палестинскиот информативен центар, медиум поврзан со Хамас, осврнувајќи се на израелската армија. Тој, исто така, тврдеше дека нападот успеал да го врати палестинското прашање во центарот на меѓународното внимание.





