„Бенџамин Нетанјаху нема да биде уапсен на никаков начин, ниту во каква било форма додека е во Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, во која не се осврна на коментарите на градоначалникот.
Trump:
Benjamin Netanyahu will not be arrested while in the United States. pic.twitter.com/CzG9oyir4d
— Clash Report (@clashreport) July 20, 2026
Трамп не го спомена Мамдани во објавата на мрежата Трут соушл, но му припиша на Израел заслуга за помошта во војната против Иран, објави Ројтерс.
Градоначалникот на Њујорк во интервју емитувано во саботата изјави дека градската правна служба активно размислува што ѝ дозволува законот да стори.
„Верувам дека премиерот Нетанјаху треба да биде во Хаг. Тој е воен злосторник обвинет од Меѓународниот кривичен суд“, рече Мамдани во видеопоткаст на Њујорк тајмс.
Нетанјаху традиционално патува во Њујорк секој септември на годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства за време на војната во Газа. Израел ја отфрла надлежноста на судот и негира дека извршил воени злосторства.





