Во текот на денот посетителите имаа можност да избираат меѓу 26 тест возила, внимателно подготвени за да понудат вистинско искуство зад воланот. Тест возењата им овозможија на посетителите одблиску да ги почувствуваат комфорот, технологијата, безбедноста и возните карактеристики на секој автомобил.

Покрај можноста за тестирање на возилата, посетителите добија стручни совети од продажните консултанти на Порше Скопје, информации за актуелните понуди и финансирање, како и можност да се запознаат со најновите технологии и иновации што ги нудат брендовите.

Настанот беше организиран како вистинско семејно доживување. За најмладите посетители беше подготвено детско катче со забавни активности и анимација, додека возрасните уживаа во музичка програма, освежување и пријатна атмосфера. Токму комбинацијата од автомобилско искуство и семејна забава придонесе Отворениот ден да биде место каде што секој посетител можеше да го помине денот на свој начин.

Големата посетеност и рекордниот број реализирани тест возења уште еднаш го потврдија интересот на македонските купувачи за најновите модели на Фолксваген, Шкода, Купра и Ауди, како и довербата што клиентите ја имаат во Порше Скопје.

Со ваквите настани Порше Скопје продолжува да ја гради својата филозофија на непосредна комуникација со клиентите, овозможувајќи им не само да ги разгледаат автомобилите, туку и лично да ги искусат нивните перформанси, технологија и удобност пред да ја донесат својата одлука за купување.






