вторник, 30 јуни 2026

ЦУК: До 18 часот 13 пожари на отворен простор, два се активни, 11 изгаснати

До 18 часот на  на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на Џиди Комерц, Визбегово, каде гореле ѓубре и сува трева; општина Зелениково – с. Страхојадица, каде гореле шума, сува трева и ѓубре; општина Кисела Вода – населба Разадник, на ул. „Борис Трајковски“, каде горела ниска вегетација; општина Виница – с. Јакимово, каде горело ѓубре; општина Кочани – с. Долни Подлог, во двор на семејна куќа, каде горело ѓубре; општина Битола – с. Кукуречани, каде горело ѓубре; општина Долнени – с. Житоше, во близина на училиштето, каде горела ниска вегетација; општина Прилеп – месност „Три багреми“, каде гореле ниска вегетација и ѓубре; општина Ресен – с. Стење, каде горела ниска вегетација; општина Липково – с. Никуштак, каде горела ниска вегетација; и општина Старо Нагоричане – с. Ругинце, каде гореле ниска вегетација и стрниште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ