Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство.
Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.
Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде стабилен партнер во владината коалиција.






