вторник, 30 јуни 2026

Пештера стара 400.000 години крие големо откритие

Археолози во северен Израел открија пештера што ја користеле заедниците пред неандерталците пред околу 400.000 години, а наодите укажуваат на сложен начин на живот на раните хоминини, соопштија денеска истражувачите.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Пештерата, која се наоѓа на периферијата на градот Фуреидис, првично била планирана за уништување за време на градежни работи, но по истражувањето било утврдено дека е исклучително важно археолошко наоѓалиште, пренесува Си-ен-ен.

Истражувачите претходно мислеа дека локацијата е стара околу 200.000 години, но новите откритија, вклучувајќи камени алатки како што се секири, стругалки и сечила, покажаа дека потекнува од пред околу 400.000 години.

Научниците велат дека алатките се поврзани со културата на преднеандерталските хоминини кои го населувале регионот Левант.

Покрај алатките, пронајдени се и остатоци од животни како што се елени лопатари и газели, што укажува на лов и организиран групен живот, како и на можна употреба на оган. Истражувачите велат дека наодите укажуваат на „сложено и богато“ општество и интензивна употреба на пештерите како заеднички простори за живеење во раниот палеолит.

Според истражувачите, локалитетот е од глобално значење, бидејќи припаѓа на периодот пред неандерталците и современите луѓе да станат доминантни во Евроазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ