понеделник, 29 јуни 2026

Тоше Проески ја отпеа химната на Плазма Спортските игри за млади 

Пред почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади кое е закажано за утре во 9 часот во Општина Кисела, организаторот објавува интересна информација: Тоше Проевски бил дел од тимот кој ја создал официјалната химна на Плазма Спортските игри за млади, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа која ја првпат оваа година се одржува во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за песната Snaga Života“, која Тоше ја изведува заедно со некои од 
најголемите музички имиња од регионот – Нина Бадриќ, Оливер Драгојевиќ, Петар Грашо, Борис Новковиќ, Даниела Мартиновиќ, Теди Спалато и уште неколку познати хрватски изведувачи. 
За песната неодамна беше објавен и видеоспот, составен од архивски снимки од 
Спортските игри за млади и кадри од снимањето на вокалите. Во него е вклучен и 
емотивен момент со Тоше, преземен од промоцијата на неговиот легендарен албум „Игри без граници“, што на спотот му дава дополнителна тежина и симболика. 
Пред рефренот токму Тоше го изведува стихот: „Мал чекор се топи во снегот, силата на животот го затвора кругот.“ 
Учеството на Тоше во овој проект воопшто не е случајно. Во текот на својата кариера тој секогаш одговараше позитивно на хуманитарните и општествено одговорни иницијативи. Зад себе остави песни кои носеа силни пораки, како „Сите сме нивни деца“, темата на УНИЦЕФ „This World“, „Password“, „Македонија навива за вас“. 
Химната на СИМ совршено се вклопува во таа низа. Тоа не е само химна на едно спортско натпреварување, туку песна која ги слави младоста, спортот, пријателството, фер-плејот и вербата во подобро утре. Со својата топла мелодија и инспиративен текст таа ги мотивира младите да веруваат во себе, да се поддржуваат меѓусебно и да ги негуваат вистинските животни вредности. 
Токму затоа е толку симболично што дел од оваа приказна е и Тоше Проески – човекот кој и денес останува симбол на хуманоста, љубовта и заедништвото. Неговото присуство во оваа химна е уште еден потсетник дека вистинските вредности никогаш не избледуваат, а неговиот глас продолжува да обединува генерации, исто како што тоа го правеше и додека беше меѓу нас. 
За потсетување, победниците од Државното првенство ќе обезбедат пласман на
меѓународното финале во Плазма Спортските игри за млади, кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.  
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ