понеделник, 29 јуни 2026

Земјотрес во Тетово и Гостивар

Шест минути по полноќ денеска е регистриран земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML3,0 и епицентар во Тетово и Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ