петок, 26 јуни 2026

Овие три електрични уреди никогаш не треба да ги исклучувате од струја

Иако на многумина им изгледа практично едноставно да ги исклучуваат електричните уреди од струја кога не ги користат, кај одредени апарати таквата навика може да предизвика несакани последици и да влијае на нивното работење и издржливост.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Еден од уредите каде што се препорачува претпазливост е печатачот. Кога правилно се исклучува со копчето за напојување, печатачот го завршува својот работен процес и се подготвува за мирување. Меѓутоа, ако директно се исклучи од струја, процесот нагло се прекинува, што може да доведе до непотребно трошење мастило и повторно стартување на системот, како уредот долго време да не бил користен.

Слична е ситуацијата и со интернет-рутерите. Во современите домаќинства тие често поврзуваат повеќе уреди и услуги, вклучувајќи паметни системи и телефонски линии. Нивното исклучување од струја може да предизвика проблеми при повторното воспоставување на мрежата, особено ако на нив се поврзани дополнителни уреди.

Третата група уреди се модерните ОЛЕД телевизори, кои користат напредни процеси на освежување на пикселите за да го зачуваат квалитетот на сликата. Ненадејниот прекин на струја може да ги прекине овие процеси, што на долг рок може да влијае врз приказот и перформансите на екранот.

Исто така, стручњаците советуваат уредите секогаш да се исклучуваат на пропишаниот начин, со копчето за напојување, а не со директно вадење на приклучокот од штекерот, за да се избегнат можни оштетувања и да се продолжи нивниот работен век.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ