петок, 26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“.

Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село Банско, општина Струмица. Ниска вегетација и борова шума гореле во населбата „Света Недела“ во општина Штип. Останатите изгаснати пожари биле на територија на општините Прилеп, Липково и Струга, каде опожарена била ниска вегетација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ