Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 25 јуни околу 20:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле В.А. (47) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 47-годишна партнерка.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






