Протестот беше организиран поради, како што велат вработените, игнорантскиот однос на работодавачот, кој и покрај барањето на ССМ, барањето потпишано од повеќе од 110 вработени и барањето од Синдикатот на работниците од трговијата (СРТ), и покрај зголемувањето на минималната плата на национално ниво, платите на вработените останале непроменети, што директно влијае врз нивниот животен стандард и економска сигурност.
Вработените бараат усогласување на нивните плати за минимални 1.600 денари, а раководството одбива да го прифати барањето и покрај тоа што најголем дел од вработените се на минимална или блиску до минималната плата.






