петок, 26 јуни 2026

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски придобивки

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки дури и пред формално да се приклучат кон Унијата, изјавија повеќе официјални лица, објави денеска белгискиот Политико.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот се базира на концептот на „постепена интеграција“, според кој земјите кандидатки би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, олеснувањето на трговијата и делови од единствениот пазар, во согласност со напредокот во спроведувањето на реформите.

За разлика од претходните идеи за „полесно членство“, кои наидоа на отпор во главните градови на ЕУ, овој модел нема да додели политички права за членство пред целосен влез, туку ќе се фокусира на економски и функционални придобивки.

Според планот, обемот на бенефициите би се одредувал индивидуално за секоја земја, во зависност од усогласеноста со правилата на ЕУ и спроведените реформи.

Како што рекоа официјалните лица, целта е дополнително да се мотивираат земјите кандидатки да продолжат со политичките и економските промени, иако полноправното членство е сè уште далеку.

Земјите кандидатки како Украина и Молдавија веќе би можеле да бидат вклучени во одредени програми, додека напредокот на другите би зависел од динамиката на реформите и процесот на преговори, велат експертите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ