среда, 24 јуни 2026
Александра Сабрас Апостолова

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Jасна рамка и усогласени стандарди за работа со децата со попреченост

Работата со лица со попреченост бара знаење, посветеност и јасни професионални стандарди. Во реалноста, сè почесто се добива впечаток дека праксата не е доволно усогласена и дека постојат различни толкувања на тоа што значи квалитетна интервенција.
Сè почесто може да се види како се прикажуваат слики од играчки, активности и „најдобри третмани“ како доказ за работа. Во такви ситуации, лесно се создава впечаток на брзи решенија и надеж, но без секогаш јасни стручни критериуми што навистина стои зад тоа.
Истовремено, стручните извештаи се многу важен дел од работата, но не секогаш ја одразуваат реалната состојба или вистинските потенцијали на детето, туку често остануваат како формална обврска. Кога документот и практиката не се усогласени, се губи нивната суштинска улога.
Стручните лица работат со сложени и индивидуални случаи и носат одлуки во реални услови кои не се секогаш унифицирани. Затоа е потребна јасна рамка, усогласени стандарди и поддршка која овозможува квалитет и континуитет.
Родителите се во чувствителна позиција, изложени на различни информации и пристапи. Во такви околности, надежта лесно се гради, но важно е таа да биде поткрепена со јасни стручни критериуми.
Кога постои усогласен пристап, се намалува просторот за дилеми и се зголемува довербата – и кај семејствата и кај стручните лица.
Децата со попреченост заслужуваат поддршка која е доследна, реална и заснована на нивните вистински капацитети.
Александра Сабрас Апостолова

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Помеѓу изборите и владеењето: Што можат македонските партии да научат од...

Јове Кекеновски

Кoj има право да го толкува Уставот на Република Македонија?

Рубин Земон

Кој има право да одлучува кои сме што сме?!

Жидас Даскаловски

Каков изборен модел ѝ е потребен на Македонија? (2)

Џефри Д. Сакс

Марко Поло: Патување за мир, култура и одржлив развој

Славе Димитров

Црната кутија на авторското право – институционална парализа и профитабилен хаос

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ