среда, 24 јуни 2026

Возило влечело мотоциклист, возачот избегал

Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавен сериозен инцидент во сообраќајот што се случил на улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, по претходно недоразбирање во сообраќајот, лице кое управувало патничко возило пежо со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н. (29) од скопско, при што мотоциклистот паднал на коловозот.

По кратко време, според информациите, возачот на возилото „пежо“ повторно го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во паркирано патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О. (44).

Во еден момент, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото, но автомобилот продолжил да се движи и го влечел неколку метри, по што мотоциклистот паднал на коловозот. Возачот потоа го напуштил местото на настанот.

Повредениот Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Од надлежните институции се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ