Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 февруари 2026 година полициски службеници извршиле контрола на патничко возило цитроен на регионалниот пат Тетово–Волковија, кое го управувал пријавениот.
При проверката, возачот на увид доставил возачка дозвола, по што било утврдено дека документот е фалсификуван.
По преземените мерки и активности, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.






