среда, 24 јуни 2026

Силекс се засили со двајца фудбалери од БиХ

Кратовскиот клуб го потврди ангажманот на босанските фудбалери, Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ кои доаѓаат од првенството на БиХ.

Објавено на

часот

Сподели

Силекс не информираше на колку години потпишале двете нови засилувања.

„ФК Силекс со задоволство ги претставува двете нови засилувања за сезоната 2026/27 – босанските напаѓачи Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ кои пристигнуваат од босанското првенство.
27-годишниот Нихад Шеро настапува на крилните позиции во нападот, во кариерата има настапувано за клубови од Босна и Херцеговина, а во Кратово пристигна од редовите на ФК Челик Зеница.
24-годишниот Есмир Хасукиќ игра како централен напаѓач, исто така со настапи во босански клубови, а во Силекс доаѓа од ФК ГОШК Габела.
Двајцата фудбалери веќе се приклучија на тимот и ги одработуваат подготовките во Охрид“, стои во соопштението на кратовскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ