По неуспехот против Англија на стартот од турнирот, хрватските фудбалери стигнаа до својот прв триумф на Светското првенство совладувајќи го панамскиот состав.
Предводникот Златко Далиќ повлече клучен потег на почетокот од вториот дел, кога го повлече Муса од игра и му даде шанса на Будимир, што на крајот се покажа како полн погодок.
Во 54. минута Хрватска изведе брилијантна тимска акција по десната страна, која заврши со прецизно нафрлување на Станишиќ и егзекуција на Будимир за предност од 1-0, резултат кој остана непроменет до самиот крај.
Минимална победа од 1-0 оствари и репрезентацијата на Колумбија во пресметката со Конго, со што го визираше својот билет за нокаут рундата на Мундијалот.
Човек на одлука на овој дуел беше Муњоз, кој го постигна единствениот погодок на 15 минути пред истекот на регуларното време.






