Селекторот на „триколорите“ го напушти кампот на националниот тим поради смртта на неговата мајка и отпатува во Франција за да присуствува на погребот.
Француската федерација потврди дека на клупата против Норвежаните ќе биде неговиот долгогодишен асистент Ги Стефан.
Франција досега одигра беспрекорен турнир и со две победи веќе обезбеди место во осминафиналето. Против Норвешка ќе се бори за првата позиција во групата и максимален ефект пред почетокот на нокаут фазата.






