Според првичните информации, на граничниот премин со Грција владее целосен колапс, јавуваат туристи, а пренесува Фејсбук групата Грчка инфо.
Постојат многубројни сведоштва од патници дека вечерва има сериозен застој или прекин на работата на Евзони и дека дел од возилата се пренасочуваат кон Дојран, но сѐ уште нема официјална потврда дека причината е удар од гром и дефект на електричната и интернет-мрежата.
Како што јавуваат, агрегатите не се доволни и системот нонстоп паѓа. Не успеваат да ги напојуваат сите уреди, па ситуацијата станува сè полоша и полоша.
Сепак, јавуваат дека постои стабилно напојување на еден дел од системот, но дека луѓето немаат интернет.
Граѓаните што вечерва треба да го преминат овој граничен премин велат дека се загрижени поради целата ситуација бидејќи не знаат што ги очекува, пренесе Блиц.
Евзони веќе неколку дена работи под огромен притисок поради летната сезона и новиот шенгенски систем за биометриска регистрација на патниците, поради што се создаваат километарски колони и повеќечасовни чекања.






