По лошиот прв настап на турнирот, Португалецот стави крај на постот без гол на големите натпреварувања и низата од десет меча. Тој доби топка во шеснаесетникот и покажа дека уште одлично се снаоѓа, па реализира за 1-0. Со ова заврши постот кој траеше од Мундијалот во Катар, кога во првото коло Роналдо погоди од пенал против Гана.
Интересна ситуација се случи десетина минути подоцна, бидејќи Португалија доби слободен удар на околи 17 метри. Сите чекаа шут на Кристијано, тој тргна, а потоа го остави Нуно Мендеш кој ги изненади Узбекистанците со удар и гол.






