Гинисовата книга на рекорди минатата недела потврди дека 58-годишен Австралијанец го соборил претходниот рекорд за најгласен поединечен вресок. Тој го изговорил зборот „сега“, надминувајќи го претходниот рекорд од 121,7 децибели поставен во 1994 година од наставничката од Северна Ирска, Аналиса Фланаган, која извикала „тишина“.
Мекгрејл-Батеап работи како професионален чистач на клима уреди, а воедно е и почесен градски гласник на Канбера, позиција што ја извршува од 2017 година. Тој вели дека обидот за соборување на рекордот бил особено тежок бидејќи, според него, за тоа не може сериозно да се тренира.
„Нема начин навистина да го вежбате тоа. Мора да зачувате сè за тој ден, особено кога станува збор за обид за светски рекорд“, рече тој.
Мекгрејл-Батеап додаде дека му биле потребни седум обиди да изговори само еден збор и дека гласот му бил оштетен неколку дена потоа.
„Ми беа потребни седум обиди само за еден збор, а тоа беше зборот ‘сега’, и гласот ми беше уништен во следните неколку дена. Беше рапав. Беше ужасно. Значи, не можете баш да го вежбате тоа. Но навистина е забавно додека го правите“, изјави Џозеф.
Неговиот вресок е снимен на 2 мај во радио студио во Канбера, во присуство на професионален звучен инженер и сведоци, по што снимките се испратени до Гинис, кој го објави рекордот во петок. Мекгрејл-Батеуп исто така изјави дека не планира да го брани рекордот по секоја цена: „Ако некој ме надмине, тоа е одлично. Рекордите постојат за да бидат соборени.“






