вторник, 23 јуни 2026

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол.

Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ