Како што се наведува во соопштението, како прва компанија во Скопје која доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, компанијата ја истакнува својата долгорочна определба за примена на највисоките индустриски стандарди.
„Во континуиран инвестициски циклус, Титан Усје реализира проекти за модернизација на производствените процеси и намалување на влијанието врз животната средина. Во март годинава, компанијата до Министерството за животна средина и просторно планирање поднела апликација за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, во согласност со важечката законска и подзаконска регулатива“, велат од компанијата.
Од Титан Усје посочуваат дека сите пропишани постапки биле навремено и транспарентно спроведени, а апликацијата е јавно достапна за увид на сите заинтересирани страниомпанијата нагласува дека доследно ги почитува сите обврски што произлегуваат од националната и меѓународната регулатива и останува посветена на усогласување со идните законски измени. Воедно, додаваат оттаму, Титан Усје активно ги следи регулаторните промени и континуирано инвестира во нови технологии со цел навремена адаптација на најновите стандарди.
„Титан Усје го почитува интересот на јавноста за прашањата поврзани со животната средина и останува отворен за дијалог заснован на факти, стручни аргументи и точни информации. Компанијата цврсто верува дека транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина. Во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити“, наведуваат од Титан Усје.






