вторник, 23 јуни 2026

Дражавата со право ја поништила аболицијата на Иванов, пресече судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска на неговата официјална веб страница донесе одлука со која потврди дека надлежните институции во Македонија имале право кога ги поништиле помилувањата што во 2016 година ги додели тогашниот претседател Ѓорге Иванов на луѓе опфатени со истрагите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на пресудата за предметот „Талески и други против Македонија“, судот оценил дека поништувањето на помилувања што ги даде претседателот Иванов било оправдано, но биле повредени правата на фер судење на двајца од тројцата жалители во предметот. Во образложението се наведува дека државата имала легитимно право да интервенира и да ги поништи аболициите, имајќи предвид дека тие биле донесени во услови на политичка криза и без соодветна законска основа.

„Судот, исто така, утврди повреда на правото на правично судење, во однос на правото на контрадикторна постапка, поради тоа што на еден од жалителите, Митровски, не му бил доставен примерок од поднесоците на вишиот јавен обвинител и повреда на правото на правично судење, во однос на правото на контрадикторна постапка, поради тоа што на другиот жалител, Јанакиески, исто така не му бил доставен примерок од поднесоците на вишиот јавен обвинител“, се наведува во одлуката на Судот.

Оттаму потсетуваат дека овој предмет се однесуваше на законската интервенција преку Законот за помилување од 2016 година, со кој беше овозможено поништување на претседателските помилувања што им биле доделени на жалителите шест недели пред донесувањето на на законот и кои во тој момент се сметале за конечни и неотповикливи. Како последица на тоа, помилувањата беа поништени, а против жалителите, меѓу кои тогашни функционери, беа поведени кривични постапки за злоупотреба на службената положба и овластувањата, како и за кривични дела поврзани со изборите.

Како што наведуваат од ЕСЧП, предметот, исто така, се однесуваше и на прашањето за правичноста на овие кривични постапки.

Во овој предмет, жалителите, меѓу кои и поранешни функционери, тврдеа дека кривичните постапки што се водеа против нив ги повредиле нивните права од член 6 (право на фер судење) и член 8 (право на почитување на приватниот живот) од Европската конвенција за човекови права.

Според нив, постоел недозволено политичко влијание врз македонските судови и неправилна употреба на доказите прибрани од следење и прислушување на осомничените.

И.О.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ