Владата во соопштението посочува дека „ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба која произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивен престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е покрената судска постапка пред надлежните судови“.
„Денешната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд. Свесни сме дека кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации постојат оправдани прашања и загрижености поврзани со овој проект. Токму затоа Владата ќе продолжи целосно транспарентно да ги разгледува сите релевантни факти, стручни мислења и аргументи, во рамки на законските процедури и институционалните надлежности. Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи“, наведува владината прес-служба.
Во соопштението додава дека секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста.
„Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки кои ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата“, информира владината прес-служба.






