вторник, 23 јуни 2026

Кривична пријава против 25-годишен скопјанец, во автомобилот најдени марихуана и дробилка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.К. (25) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира полицијата, на 17 јуни годинава, на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило форд, сопственост на пријавениот.

При контролата биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, по што против 25-годишниот скопјанец е поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ