вторник, 23 јуни 2026

САД му овозможија на Иран да произведува, испорачува и да ја продава својата нафта на меѓународните пазари

Соединетите Американски Држави му дозволија на Иран да произведува, снабдува и продава нафта на меѓународните пазари како дел од рамковниот договор за мировни преговори кој двете земји го постигнаа минатата недела, објавија меѓународните новински агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со продуктивните разговори што се водеа во Швајцарија, Иран се обврза да обезбеди слободен и непречен премин низ Ормускиот теснец и да им дозволи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) пристап до неговата земја“, изјави денес американскиот министер за финансии Скот Бесант во објава на мрежата Икс.

„Како дел од тој рамковен договор, Министерството за финансии издаде привремена општа лиценца за 60 дена што овластува производство, испорака и продажба на иранска нафта“, додаде тој.

Како дел од меморандумот за разбирање потпишан минатата недела, Вашингтон соопшти дека ќе даде олеснување од санкциите за иранската сурова нафта.

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави претходно дека САД и Иран постигнале „добар напредок“ во текот на викендот во преговорите насочени кон постигнување целосен мировен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ