Во време кога младите бараат квалитетно образование, меѓународно искуство и сигурна кариера, изборот на универзитет е една од најважните животни одлуки. Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, кој работи според истите академски стандарди како матичниот универзитет во Обединетото Кралство, нуди токму таква можност.
За тоа што го прави овој универзитет посебен, зошто студентите од Балканот сѐ повеќе се одлучуваат за Солун и како британскиот образовен модел ги подготвува младите за глобалниот пазар на трудот, разговаравме со Грегори Дикеос, директор за студентска регрутација на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Какво е Вашето професионално искуство и улогата што ја имате на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун. Што Ве инспирираше да работите во високото образование и меѓународната студентска регрутација?
– Растењето во една балканска земја во мојата младост не беше едноставно. Но, соништата, напорната работа и истрајноста ја обликуваа мојата личност и ми помогнаа да создадам визија за тоа што сакам да бидам. Не беше секогаш јасно. Имаше и различни предизвици.
Успеав да студирам на различни универзитети и во различни држави, а мојот сон да работам во образованието стана реалност. Денес, по повеќе од 40 години во оваа професија, можам да кажам дека професионалниот патоказ ми беше исклучителен и комплетно исполнет.
Во сегашната улога имам привилегија да запознавам идни академски граѓани од различни култури и средини, кои исто така сонуваат за својата иднина и се подготвени напорно да работат за неа. За мене е чест што можам да ги поддржам, да ги водам низ предизвиците на денешницата и да им помогнам да го пронајдат својот образовен и професионален пат.
Кои се главните причини поради кои студентите денес го избираат Европскиот кампус на Универзитетот Јорк?
– Причините се многубројни. Универзитетот Јорк е еден од најреномираните британски универзитети. Се наоѓа меѓу најдобрите во Обединетото Кралство и е добитник на Златна награда за квалитет на наставата. Воедно, се рангираме меѓу најдобрите осум проценти универзитети во светот. Тоа значи дека студентите кои студираат во Солун добиваат исто ниво на академски квалитет како и студентите во Велика Британија и дипломираат со диплома издадена од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство. Покрај тоа, располагаме со професори од врвен академски и професионален калибар, модерни простории, современи лаборатории и библиотеки кои создаваат инспиративна средина за учење.
Универзитетот Јорк е член на престижната Russel Group и е рангиран меѓу најдобрите осум проценти универзитети во светот. Од Ваша перспектива, што го прави британското образование толку препознатливо и привлечно за меѓународните студенти?
– Британскиот образовен систем е навистина уникатен. Не станува збор за пасивно меморирање на огромни книги и полагање испити. Кај нас студентите активно учествуваат во процесот на учење. Тие работат на проекти, подготвуваат презентации, спроведуваат истражувања и користат врвни академски ресурси и библиотеки. На тој начин учат како да анализираат информации, да аргументираат ставови и да ги презентираат своите идеи. Тоа е суштината на критичкото размислување, една од најбараните вештини во современиот свет.

Денешните студенти бараат баланс меѓу академски квалитет, меѓународно искуство и можности за кариера. Како Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги исполнува овие очекувања?
– Горд сум што успеавме да создадеме средина во која студираат младите од различни етнички и јазични заедници. Квалитетот на наставата и начинот на кој студентите учат ги подготвува да станат независни мислители, а не само носители на дипломи. Кога станува збор за кариерата, дипломата од Универзитетот Јорк претставува професионален пасош што се препознава низ целиот свет. Нашите дипломци се враќаат во своите земји со знаења и искуства што често придонесуваат за трансформација на нивните заедници и индустрии.
Солун станува сѐ попопуларна студентска дестинација. Што го прави градот толку привлечен за младите?
– Студентскиот живот освен учење, треба да биде и искуство што ќе го паметите цел живот. Солун нуди сѐ. Богата историја, култура, одлична гастрономија, шопинг, море и динамичен ноќен живот. Тоа е град кој знае како да ги инспирира младите и да им овозможи незаборавни студентски денови.
Студентите често ја истакнуваат поддршката што ја добиваат на кампусот. Какво е студентското искуство?
– Ниту еден студент не е оставен сам да се снаоѓа. Секој студент има личен академски ментор, а нашата политика на отворен систем значи дека професорите се достапни за индивидуални консултации и насоки. Дополнително, студентските служби обезбедуваат поддршка за сместување, визи, дозволи за престој, здравствено осигурување и сите практични прашања што можат да се појават за време на студирањето.
На кампусот студираат млади од повеќе од 60 држави. Како оваа мултикултурна средина ги обликува студентите?
– Тоа е едно од нашите најголеми богатства. Секој студент носи дел од својата култура, традиција, јазик и начин на размислување. Во таква средина младите учат да живеат и работат заедно, да ги почитуваат различностите и да создаваат меѓународни пријателства. Овие контакти подоцна се претвораат во професионално вмрежување кое може да трае цел живот.

Дипломата што студентите ја добиваат е иста како онаа што се издава во Обединетото Кралство, а мрежата на алумни брои повеќе од 150.000 дипломци низ светот. Како Универзитетот ги подготвува студентите за успешна меѓународна кариера?
– Во текот на студиите студентите учат да поставуваат прашања, да дебатираат, да ги предизвикуваат постоечките ставови и да создаваат решенија. Така развиваат таканаречени вештини, комуникација, лидерство, критичко размислување и решавање проблеми. Токму овие способности денес ги бара секој работодавач. Дополнително, нашата глобална мрежа од над 150.000 дипломирани студенти отвора бројни можности за кариера и меѓународна соработка.
Родителите често размислуваат за безбедноста, трошоците и идната вработливост на своите деца. Што би им порачале?
-Студирањето во странство е сериозна инвестиција и сите сме свесни дека трошоците за живот растат. Сепак, Солун останува значително подостапен од многу европски градови и од дел од соседните земји. Во исто време, градот е безбеден и пријатен за живот, што за родителите е од исклучителна важност.
Кога на тоа ќе се додадат академскиот квалитет и одличните можности за вработување по дипломирањето, сметам дека изборот станува многу полесен.
Која би била Вашата порака до средношколците кои размислуваат да аплицираат за академската 2026/27 година?
– Не ги жртвувајте своите соништа, но бидете реални. Изберете студии што ќе ви отворат вистински можности за кариера. Истражувајте ги внимателно опциите и запомнете дека силната диплома останува вредност која ќе ве следи во секој следен чекор од животот.
Секогаш ќе ви биде потребна квалитетна диплома кога ќе правите нов исчекор во животот. Затоа инвестирајте мудро во својата иднина и не се откажувајте од своите амбиции.






