Избраниците на Томас Тухел имаа целосна контрола врз играта и огромна доминација во поседот на топката, но не најдоа начин да ја пробијат цврстата одбрана на африканската селекција. Најдобрата можност во првиот дел ја имаше Хари Кејн, чиј удар беше блокиран во последните моменти пред паузата.
Во продолжението Англичаните го зголемија притисокот, се заканија Гордон, Мадуеке и Сака, а најблиску до погодок беа во самиот финиш кога Нико О’Рајли ја погоди пречката. Одбиената топка стигна до Кејн, но капитенот на Англија не успеа да ја испрати во мрежата. Гана дисциплинирано се бранеше во текот на сите 90 минути и заслужено стигна до бод.
По две кола и двете селекции имаат по четири бода, па патникот во нокаут фазата ќе се решава во последното коло.






