среда, 24 јуни 2026

Најновиот и најмоќен кинески носач на авиони мина низ Тајванскиот теснец

Најновиот и најмоќен од трите кинески носачи на авиони Фуџијан денес помина низ Тајванскиот теснец, објави тајванското Министерство за одбрана. Пловењето се случило еден ден откако Тајван почна петдневна воена вежба на која се вежба одговор на кинески напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Носачот Фуџијан помина низ тесниот морски премин што ги дели Кина и Тајван за прв пат за време на пробното патување во септември минатата година. Потоа повторно помина низ теснецот во декември, за прв пат како целосно оперативен воен брод во кинеската морнарица.

Кина го смета одметнатиот остров за дел од својата територија и не ја исклучува можноста за употреба на сила за да го стави под контрола на Пекинг. Кинеската војска редовно испраќа воени бродови и воени авиони кон Тајван како дел од воените вежби што станаа почести во последните години, а денес се одржуваат речиси секојдневно.

Тајван вчера почна своја петдневна воена вежба за да ја подобри својата подготвеност да одговори на можна кинеска инвазија.

Американската морнарица повремено испраќа воени бродови низ Тајванскиот теснец, како и некои сојузници на Соединетите Американски Држави, испраќајќи предупредување до Пекинг против каков било обид за употреба на сила за да ги потврди своите територијални претензии на островот.

Носачот Фуџијан официјално беше ставен во оперативна употреба во ноември 2025 година. Според податоците од Морнаричкиот институт на Соединетите Американски Држави, ова е најголемиот воен брод во светот кој нема нуклеарен погон. Исто така, се смета за технолошки понапреден од другите два кинески носачи на авиони, Шандонг и Лиаонинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ