„Кога Рама се меша во внатрешните работи на Македонија тоа е нормално. Сега, кога Албанци од Македонија одат на протести во Албанија, вика: ‘Албанците кои не живеат во Албанија да не се мешаат тука’. Аха, важи“, напиша Муамеди.
Реакцијата следува по изјавата на Рама дека Албанците од Македонија и Косово не се дијаспора, туку дел од поширокиот албански етнички простор во регионот. Воедно, албанскиот премиер изрази резерви кон нивното учество на протести во Албанија организирани под знамето на дијаспората.
Ставот на Рама предизвика реакции на социјалните мрежи и во јавноста, при што дел од коментаторите сметаат дека неговите пораки испраќаат спротивставени сигнали за улогата на Албанците од регионот во политичките и општествените процеси во Албанија.






