среда, 24 јуни 2026

Пронајдена експлозивна направа при ископи во гостиварско, интервенираат пиротехничари

Во СВР Тетово е пријавено дека при изведување градежни ископи во атарот на село Симница, гостиварско, била пронајдена експлозивна направа.

Објавено на

часот

Сподели

Случајот бил пријавен од вработени во компанијата „Бехтел и Енка“, кои работеле на теренот.

По пријавата, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а според најавите, експлозивната направа во текот на денот ќе биде безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и обезбедување на локацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ