среда, 24 јуни 2026

Тешко повреден 51-годишник во несреќа при сеча на дрва

Вчера во 15:51 часот во СВР Струмица од Медицинскиот центар Струмица е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен А.Ч. (51) од село Пирава, валандовско.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, повредите ги здобил во близина на брана Водоча во струмичко, додека вршел сеча на дрва, при што врз него паднало дрво.

Повредениот бил итно пренесен во медицинската установа, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ